Миграцијата на тековните податоци. Врз база на дополнителната анализа, нашиот тим ќе изработи детален план за миграција на постоечките податоци во новите бази на податоци. Планот за миграција ќе мора да се усогласи со стручната екипа на Вашата компанија.
Тестирање. За потребите на Вашата компанија, нашиот тим ќе изработи план за тестирање на решението
Имплементација. Успешна имплементација, продукција и евалуација на функционалностите на информацискиот систем се составен дел на нашите активности.
Обуката на администраторите и крајните корисници. Обуката обезбедува корисниците да бидат целосно запознаени со системот, посебно со модулите за кои се поединечно одговорни, но и со сите предности во секојдневното работење кои се придобивка на информацискиот систем. При тоа секој ќе добие упатство за користење на модулот на кој што ќе работи во печатена форма.