АКАДЕМОС е компанија строго специјализирана за изработка, имплементација и адаптација на софтвер од областа на целокупното работење на мали, средни и големи компании.
Ние имаме тим кој со своите знаења и искуство е способен во целост да ги задоволи Вашите барања и активно да земе учество во унапредување на вашето работење.
Тимот од стручњаци поседува широки знаења и искуство потврдени со референците и со оценките на многубројни стручни тимови. Во тоа можеме да ве увериме низ презентација на нашиот софтвер пред стручниот тим на Вашата компанија.

  • Aнализа на процесите. Стручните лица на АКАДЕМОС ќе извршат детална анализа на деловните процеси во Вашата компанија кои треба да бидат покриени со информацискиот систем при што Ви нудат активно учество во унапредување на истите. Резултатите од досегашното искуство најдобро говорат за нивната способност да погледнат во процесите од корисничка перспектива, согледувајќи ја вистинската потреба за ИТ решение и притоа помагајќи Ви во совладување на тешкотиите на модерното време.
  • Планирање, проектирање и имплементација на системски софтвер, бази на податоци и целокупната инфраструктура
  • Развој/Адаптација на апликативниот софтвер и дизајнирање базите на податоци