АКАДЕМОС е компанија која е основана во 2004 година на темелите на две децениско акумулирано искуство стекнато во процесот на функционирање на комплексни компании со широк опсег на делување. Стручниот тим кој што го поседува е препознатлив, афирмиран и докажан во планирање, проектирање, развој, имплементирање, мигрирање и одржување на комплексни информациски системи на големи, средни и мали компании. Основната дејност се состои во :

  • Автоматизирање на работењето со поединечни информатички модули интегрирани во функционална целина.
  • Овозможување достап до секоја информација во моментот на нејзиното создавање.
  • Овозможување факт-базирани одлуки засновани на моментален пристап до секоја информација.
  • Апликативен развој за секое ново барање на корисникот.
  • Консултантски и едукативни сервиси.
  • Долгорочна гаранција за одржување на апликативниот софтвер и базите на податоци.

Принципот на професионост и одговорност, блиската соработка со клиентите и задоволството на целосно исполнетите очекувања се гордост на АКАДЕМОС.

АКАДЕМОС нуди помош за полесно чекорење во информатичкото време кое се движи со незапирлива брзина и  кое стaнува императив не само за конкурентност туку и за опстојување сега и во иднина.